Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски објави списокот со 23. кандидатки со кои ќе анстапи на меѓународниот пријателски турнир што ќе се одржи во период од 22 до 25 ноември во Анталија, Турција. На турнирот покрај две селекции на домаќинот Турција и на Македонија ќе учествуваат и селекциите на Италија и Косово.
Пред да заминат за Анталија, ракометарките ќе имаат собир на 18 ноември во СЦ „Борис Трајковски“.
Распоред на натпреварите за македонската селекција:
22.11.2019 Македонија – Италија (17:00 часот)
23.11.2019 Турција (B) – Македонија (11:30 часот)
23.11.2019 Турција (А) – Македонија (17:00 часот)
25.11.2019 Македонија – Косово (17:00 часот)