Вечерва околу 02.00 часот по полноќ, од поголема група од седум до осум лица биле нападнати новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски. Љупчо Цветановски е новинар во телевизијата „Алфа“, Дејан Андоновиќ работеше во Сител Телевизија/Радио Слободна Македонија/1 ТВ, додека Петар Серафимовски својата професија ја практицира во Македонско Радио. Тројцата биле нападнати на излегување од угостителскиот објект „Александрија“, по што од група од седум до осум лица, без повод и причина, ниту пак претходна расправија биле нападнати. Мотивите и идентитетот на напаѓачите засега се непознати. Случајот е пријавен во полиција. Минатата недела пак, нападнат беше и новинарот Саше Димовски додека седел во кафуле. Димовски е уредник на порталот Сведок.мк и се занимава со аферите и скандалите во судството.