Сириските сили денеска започнаа со распоредување во области во близина на турската граница на североистокот на земјата, како дел од договорот постигнат меѓу Русија и Турција.
Новинската агенција САНА соопшти дека трупите се распоредени меѓу градовите Џавадија и Маликија, додека државната телевизија посочи дека погранична стража ќе биде поставена на шест точки во близина на границата.
Распоредувањето е дел од минатомесечниот договор за прекин на огнот и се однесува на територија долж поголемиот дел од североисточната граница.
Од постигнувањето на договорот, Русија и Турција започнаа заеднички патроли долж турско-сириската граница.