. Оваа страховлада на Зоран Заев додека ветува пари за печатени медиуми, четири новинари се физички нападнати.
Вчеравечер физички се нападнати, тепани се тројца новинари, кои се познати по своите остри пера и јазици против заевизмот, криминалот и корупцијата на кланот на власт!
Нападот бил со јасна порака, изведен кукавички, без никаков повод или претходен контакт со напаѓачите, планиран со бројна надмоќност и со закани по живот од напаѓачите.
Пред неколку денови, физички е нападнат уште еден новинар, аналитичар, познавач на судските нереформи и критичар на спрегата меѓу кланот, судиите и обвинителите. МВР молчи за овој напад! Оваа страховласт приведува новинари кои објавуваат корупција на министри. Овој страхосуд лови новинари кои објавиле точни информации. Оваа страховлада има тело и стратегија за како велат „лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ“! Во оваа орвеловска атмосфера на Министерството за вистина предводена од Роберт Поповски, критички настроена новинарка објавува дека е пресретната и нападната од колега-пулен на власта, и сето тоа го документира со видео.
Уредник на медиуми, бард меѓу новинарите, откривач на скандалот „Рекет“, јавно соопштува дека е следен, а негов колега, миленик на оваа страховлада пишува како „сонува“ убиства и истечени мозоци. Со поддршка без осуда од кланот на власта, новинар пишува закани кон лидерот на опозицијата, неговото семејство, децата.
Зоране Заев, прибери со ги гавазите!
Готов си, на 3-ти јануари си одиш, страховладата ти завршува на 12-ти април.
Собери си ги рацете од медиумите и од новинарите. Паниката и стравот од анкетите не ги истурај врз нив. Тие не ти се виновни за криминалот, за корупцијата и за насилството кое што го спроведуваш.
Владеење по теркот на Курто Дудуш едноставно не смее да се дозволи! Твојата осуда на ваквите инциденти не е доволна.