Богдановиќ: Претходно граѓаните реагираа зошто не ги менуваме црешите, сега се бунат зошто го правиме тоа

На улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје поради габични заболувања се исушија украсните дрв,а  утринава беа исечени од старна на екипи на „Паркови и зеленило“.

Градот најави дека на истиот потег од понеделник ќе се заседат 18 нови јапонски цреши, со што ќе се обни дрворедот. Градот објаснува дека сечата била на барање на општина Центар.

-Сакаме да потенцираме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност за безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и за безбедноста на имотот на граѓаните, соопштија од Град Скопје.

Со реакција се огласи и првиот човек на општина Центар, Саша Богдановиќ.

-Јас навистина не разбирам. Претходно имаше реакции зошто не ги менуваме. Сега има реакции зошто ги менуваме. Да потенцирам дека се сечат стари дрва, затоа што истите се оштетени. Ова е добар момент да се обноват, а низ градот се уништени клупи, канти, бекатон плочки. Јас очекувам дека од почетокот на наредната година ќе започнеме со целосна реконструкција на истите“, порача Богдановиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави