Возач скокнал од товарно возило откако изгубил контрола над воланот

Возач  од Куманово на товарно возило „ман“ откако изгубил контрола над моторното превозно средство на патот во изградба од селото Т’лминци до селото Градец скокнал од истото за да се спаси од несреќата. При скокањето се здобил со тешки телесни повреди. Овој инцидент е регистиран во полициската станица во Крива Паланка откако било пријавено од Итната медицинска помош каде бил донесе со повреди 43-годишниот кумановец со иницијали Г.Л.

Кај место викано „Крстата падина”,  на 14 ноември Г.Л. изгубил контрола над воланот од товарното возило со скопски регистарски ознаки, при што спас побарал во скокање од кабината. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

 

 

Треба да знаете
Последни објави