Зголемен прометот во индустријата

Прометот во индустријата, вкупно, во септември годинава е намален за 0,9 отсто во однос на ланскиот септември, а е зголемен за 17,4 отсто во споредба со претходниот месец, додека во првите девет месеци од годинава има раст од 7,2 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1  отсто, кај Капитални производи има опаѓање за 4,7 отсто, кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,9, а кај Нетрајни производи за широка потрошувачка опаѓање за 3,0 отсто.

Прометот во индустријата, пак, на домашниот пазар, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година е зголемен за 0,3 отсто, во споредба со претходниот месец има пораст од 5,7 отсто, а во привте девет месеци од годинава пораст од 0,3 отсто во споредба со истиот период лани.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,7  отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,0 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6  отсто, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија има опаѓање за 2,3  проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година е намален за 1,3 отсто, во однос на август годинава бележи раст од 22,2 отсто, а во првите девет месеци од годинава е зголемен за 9,5 отсто во споредба со истиот период лани.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,8  отсто, кај Капитални производи има опаѓање за 5,3  отсто, кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,2, а кај Нетрајни производи за широка потрошувачка опаѓање за 5,3  отсто.

 

Треба да знаете
Последни објави