Бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот Империја поднел кривична пријава против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, против нејзиниот син и против обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот Империја. Информацијата за „Фокус“ ја потврди шефицата Вилма Русковска, која вели дека утринава ја парафирала кривичната пријава.
Според напишаното во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, за, како што било наведено, да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.
Стефанова продолжи да го води случајот Империја и откако предметите на СЈО потпаднаа под надлежност на ОЈО.