Лишени од слобода три лица, при претрес во нивните домови најдена дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, во насока на спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога спроведе низа активности со цел справување со овој вид на криминал.

Имено, на 14.11.2019 во 11.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, изврши претрес во домот на Е.М.(39) во с.Побожје.  При претресот била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 13.00 часот полициските службеници го лишиле од слобода Ф.Д.(38) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во с.Волково, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со црна течност, порцелански сад и скалпел со остатоци од марихуана.

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје во 16.00 часот, ја лишиле од слобода Е.М.(32) од Кавадарци, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја и 25.300 денари.

На 14.11.2019 во 21.30 часот полициските службеници го лишиле од слобода и М.Ѓ.(47) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и една вага со остатоци од прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против сите овие сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Активностите на МВР во борбата против недозволената трговија со дрога, продолжуваат, со засилен интензитет и зајакнати мерки.

 

 

Треба да знаете
Последни објави