Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска ја презентира работата од својот двегодишниот мандат. Изминаа две години откако граѓаните на Аеродром ни ја дадоа довербата. Преку транспарентна, чесна и посветена работа заедно со членовите на Советот реализиравме голем број проекти, кои се главни приоритети на жителите на Аеродром, а со цел да обезбедиме подобри услови за живот.
Дел од позначајните реализирани проекти:
- Изградивме нова градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче со што двојно го зголемивме капацитетот на згрижување.
- Изградивме четири нови краци на улицата „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром
- Ги поврзавме улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ со кружен тек.
- По долги години конечно реконструиран патот Јурумлери – Драчево во Долно Лисиче во соработка со Агенцијата за државни патишта.
- Целосно го осветливме трговскиот центар во населбата Лисиче
- Набавивме и засадивме 5500 нови високостеблести дрвја за кои издвоивме 22 милиони денари
- Доделивме субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, за велосипеди и инвертер-клими
- Подигнавме нови површини со зеленило преку изградба на 4 нови парка и реконструкција на два постојни
- Доделуваме еднократна помош од 3.500 денари за секое прваче и еднократна помош од 5.000 за секое новороденче
- Ги презедовме трошоците за обезбедување на училиштата
- Доделуваме еднократна финансиска поддршка од 10 илјади денари за талентирани млади спортисти
- Им даваме поддршка и инклузија на лицата со попреченост.
Со забрзано темпо ќе работиме и во наредните две години остварувајќи ги предизборните ветувања што ги претставивме пред граѓаните и за кои ја добивме нивната доверба. Општина Аеродром ќе продолжи да се развива во насока на создавање современа, развиена европска општина, со висок стандард на урбано живеење и со подобри услови за сите граѓани.