Атлетико Мадрид може да го купи Ракитиќ за 40 милиони евра

Играчот од средниот ред на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Иван Ракитиќ може да ја продолжи кариерата во еден од ривалите за титулата Атлетико Мадрид.
Според „Mувистар +”,  Атлетико е подготвен да го купат хрватскиот репрезентативец во јануари за 40 милиони евра.
Ракитиќ размислува за различни опции во кариерата поради неговата мала минутажа.
Триесет и едно-годишниот играч од средниот ред играше на седум натпревари во шпанската Примера оваа сезона, но нема поминато 90 минути на теренот.

Треба да знаете
Последни објави