ВМРО-ДПМНЕ партијата која го уништи зеленилото во Скопје заради бизнис интерси, денес и лажна загрижност за дрвјата.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за зеленилото докажуваат масовните сечи на на Водно, уништувањето дрвореди и цели паркови кои често се правеа во доцните утрински часови.
Истото ВМРО-ДПМНЕ денес лицмерно глуми загриженост за дрвја кои ќе бидат заменети со нови садници.
Како што јавно објавија институциите, Општина Центар, Град Скопје, станува збор за заболени дрва со габични инфекции, кои ќе бидат заменети со нови садници веќе в понеделник, додека вакво менување на заболени садници се случувало и претходно.
Дрвата се заболени токму поради долгогодишната негрижа на тогашната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, а денес се санираат штетите.