– Двајца Литванци и Норвежанин, кои во Русија беа осудени за шпионажа, ослободени се денеска во замена за двајца Русија, кои беа во затвор во Литванија.
– Литванците Евгени Матаитис и Аристидис Тамосаитис, кои беа осудени во 2016 година, пристигна аво своите домови, соопшти шефот на литванската државна безбедност Дариус Јаунискис.
Норвежанецот Фроде Берг, осуден во Русија на 14 години затвор, беше предаден на норвешката амбасада во Вилнус, откако се преминал во Литванија.
Претходно денеска, литванскиот претседател Гитанас Науседа ги помилува Русите Николај Филипченко и Сергеј Мојсееко.
Локалните медиуми соопоштија дека размената на шпиони се случила денеска напладне на границата на Литванија и руската ексклава Калининград.
Други детали не се објавени.
Премиерката на Норвешка Ерна Солберг им се заблагодари на литванските власти за нивната соработка и напорите за ослободување на Берг.
Норвешката министерка за надворешни работи Ина Ериксен Сореиде изјави дека Норвешка систематски работела на ослободување на Берг уште од времето на неговото апсење во Москва во декември 2017 година под обвинение дека собирал информации за руските нуклеарни подморници.