Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити за казната која тимот од „Етихад“ ја заработи поради кршење на финансискиот фер-плеј, пренесуваат медиумите од Островот. Конечната одлука околу кршење на финансискиот фер-плеј се очекува да биде донесена следниот месец.
Најстрога казна би била англискиот гигант да биде исфрлен од Лигата на шампионите следната сезона, а „граѓаните“ ќе бидат среќни доколку само поминат со парична казна, која за нив не претставува никаков проблем.