Со усвојување на Одлуките за одобрување на финансиски средства на проекти од областа за заштита на животната средина , природата и енергетската ефикасност, на денешната седница на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа дополнително презема мерки за намалување на загадувањето и подобрување на амбиенталниот воздух. Здруженијата „ ЗГ Зелена Планета“, „ Здружение Центар за ресурси во животната средина РЕЦ“, „ ЗГ Натура тера“, како и „ Прв Скопски извиднички одред“, „ Институт МЕДИ“ , „ Здружение за културна соработка ИНТЕРКУЛТУРА“.
Исто така се одобрија и финансиски средства на Организацијата на жени на Град Скопје за проектот „ Превенција на врсничко насилство во основните училишта на територијата на Општина Карпош“, како и финансиска поддршка на Здружение за меѓукултурна соработка – ОТВОРЕНА ЗАБАВА ЗА СИТЕ Скопје за проектот „ СПОРТ ЗА СИТЕ“. Со одлука на Советот, македонскиот актер Никола Ристановски е прогласен за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019 година. Исто така, советниците дадоа „ виза “ за одобрување на средства на лица со попреченост од подрачјето на Општина Карпош по повод 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост.
Локалната самоуправа времено ќе ја даде на користење без надомест еко машината за сечење дрва и преработка во дрвен чипс на скопската Зоолошка градина.