Партијата за Движење на Турците на средби до граѓаните во Гостивар

Партијата за Движење на Турците (ТХП) како водечка партија на турската заедница во С.Македонија продолжува со граѓанските средби низ целата земја. Со слоганот @Сите заедно, насекаде”, под водство на претседателот Енес Ибрахим и раководството, ТХП организираше панел дискусија со граѓаните на Гостивар.

Во своето обраќање Ибрахим ги истакна достигнувањата на ТХП во изминативе години, притоа акцентирајќи ги реализираните проекти и успеси во доменот на образование, култура и економија. Според Ибрахим клучот за континуитетот на овој успех е во заедништвото со сите слоеви на општеството, но и доследни и долгорочни политички ставови.Средбите со граѓаните се клучен фактор за создавање на вистински политички решенија, а со таа цел ТХП интензивно ќе продолжи да се состанува со целата турска заедница, соопшти партијата.

Треба да знаете
Последни објави