Интегрален текст од прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и СДСМ потценувајќи ја интелегенцијата на професорската и наставничката фела, секој месец им крати и им зема по 5.660 денари од нивната плата.
Покажувајќи провидно итроманство кое што го препознаваат и професорите и наставниците, Заев мисли дека може да ги залаже професорите да прекинат со протестите и да не си ги бараат своите плати, па им покачи некои си 10% кои што се многу помалку од тоа што треба да го добијат според Закон односно според Колективниот договор од 2010 година.
Фактот е дека наместо Заев и СДСМ да зголемуваат 10%, тие на професорите и наставниците им кратат 5.660 денари односно за една година, им кратат околу 67.920, или приближно 1.100 евра.
Имено наставниците и професорите во основно и средно образование според Колективниот договор од 2010 година потпишан имаат коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата која моментално изнесува 12.500 денари нето при што се добива плата од 31.660 денари односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10%.
Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари тогаш согласно закон и Колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега го ветува Заев.
Па затоа, ги повикуваме јавно Заев, министерството за образование, СДСМ, Владата и сите останати институции, да почнат уште веднаш да ги исплаќаат платите на професорите и наставниците согласно Колективниот договор потпишан од 2010 година.
Покачувањето кое го демонстрираат СДСМ и Заев е всушност кратење од буџетот на професорите и наставниците.
Лицемерието на СДСМ и Заев е толку очигледно, што на секој можен начин се обидува да ги манипулира сите структури од администрацијата и јавниот сектор.
Наставниците и професорите треба да си го добијат она што го заслужуваат според законот. Без притоа Зоран Заев да се фали дека воопшто нешто им дал како покачување, бидејќи сепак тоа е нивно стекнато право, како просветари кои што се столбот на системот и државата, и треба да ги образуваат нашите деца.
Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособната влада, затоа што по 12-ти април доаѓа реформска влада, доаѓа влада која што ќе изврши обнова на Македонија, и која што ќе ги почитува законите и за минимална плата и ќе го почитува Колективниот договор потпишан 2010-тата година.“