Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи. Блиц.рс пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментов е во Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде бил хоспитализиран.
„Почитувани жители на Крагуевац и останатата екипа којашто вечерва би дошла на концертот … Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен … Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа … Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша неговата ќерка.
„Голе вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатака… Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена, сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си “, додаде таа