Жалбата на Манчестер Сити во Арбитражниот суд против истрагата на УЕФА за финансиски фер-плеј беше одбиена.
Англискиот шампион се обиде да ја запре истрагата на Комисијата за финансиски фер-плеј, откако клубот е во опасност да биде казнет, а најлошото би било, „небесно-сините” да бидат исклучени од Лигата на шампионите.
– КАС нема да ја разгледа жалбата на Манчестер Сити. Судот може да одлучи само ако има правосилна одлука за случајот, рече генералниот секретар на арбитражниот суд во Лозана – Метју Риб.
Истрагата на УЕФА започна откако германски „Шпигел” објави внатрешна преписка во која го обвинува Сити за кршење на правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА.