Околу 700 „фантоми“ немаат извод од матична книга на родени

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од матична книга на родени и не се запишани никаде во системот, а со тоа немаат никакви социјални и здравствени права. Овој проблем ќе го решиме со предлог-законот кој веќе го усвоивме во влада, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска по средбата со граѓани од Шуто Оризари, кои го имаат овој проблем.

„Важно е дека во минатите 5-6 години се калкулираше со различни бројки. Ние во проект од април до ноември 2018, вклучивме службеници и овластени лица кои заедно ги попишаа овие лица и стигнаа до бројка од околу 700“, изјави Царовска.

Таа нагласи дека со законските измени, овие граѓани кои се нарекуваат и „фантоми“, ќе добијат посебен граѓански статус, со што ќе може да бидат вклучени во образовниот, здравствениот и социјалниот живот, а со тоа ќе се подигне и квалитетот на нивното живеење.

Министерката истакна дека ова е само прв чекор и се надева дека во најскоро време ќе се најде и трајно решение.

 

Треба да знаете
Последни објави