Трите главни либански политички партии се договорија да го кандидираат поранешниот министер за финансии, Могхамед Сафади, за премиер на новата влада, пренесуваат тамошните медиуми.
Договорот беше постигнат синоќа меѓу премиерот во заминување Саад Харири, водечкиот сунитски политичар во Либан, и високите политички претставници на шиитските групи Амал и Хезболах.
Засега нема официјален коментар од партиите или од Сафади за номинацијата, пренесоа британските медиуми.
На 29 октомври Харири се повлече од премиерската функција, соочен со бран протести против владеачките политички елити кои, според демонстантите, се виновни за корупцијата и вовлекувањето на Либан во најлошата економска криза од граѓанската војна во 1975 година.
Харири, кој засега останува премиер, оддржа бројни средби зад затворени врати со сите партиии, вклучувајќ/и го и Хезболах, кој е поддржан од Иран.
Либанскиот премиер мора да биде сунитски муслиман, според системот на поделба на власта во земјата, пренесуваат странските агенции.
Сафади е угледен бизнсмен, кој функцијата министер за финансии ја извршуваше од 2011 до 2014 година, а пред тоа беше министер за економија и трговија.