Денес, во канцелариите на Алијансата за Албанците во Скопје, лидерот на АА Зиадин Села, одржа консултативна средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.
Безбедноста, просперитетот, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата се области за кои Алијансата за Албанците се залага. Лидерот на АА Зиадин Села, од блиску и објасни на амбасадорката за ова, посочувајќи ги напорите што ги направи Алијансата за Албанците како опозициски политички субјект и продолжува да ги прави за да се постигне безбедност и стабилност во земјата.
Амбасадорката Брнс ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.
На средбата, посебен акцент беше ставен на напорите за постигнување на целосна слобода на медиумите, како начин за слободно изразување и демократија.
На средбата присуствуваше и потпретседателот на Алијансата за Албанците, Елми Азири, Политичкот советник при Амбасадата на САД, Ендру Мофат и Политичкиот аналитичар при Амбасадата на САД, Адриан Исмаили.
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, интензивно ги продолжува средбите со странски амбасадори.