Заев во Велес: Вложуваме во живот и плати, а не во мртви споменици

Вложуваме во живиот, човеки капитал а не во мртви споменици, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на трибина пред граѓаните на Велес.

Тој истакна дека веќе на почетокот на идната година следуваат нови покачувања на платите во клучни сектори.

„Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, а просечната за над 2.000 денари, за само 2 и пол години. Обезбедивме средства, платите во образованието се зголемуваат повторно за 10 отсто, што е вкупно 20 отсто покачување за само две и пол години. Обазованието е клучно и очекуваме и професорите со покачувањето на платата да ја зголемат мотивираноста и ефикасноста во наставата, да пружаат знаење на нашите деца“, рече Заев.

Истакна дека мотивација преку зголемување на платите има и во здравството.

„Со зголемувањето, платите заедно со дежурствата на специјалистите во Клиничкиот центар ќе бидат 100.000 денари, во другите помали боници и здравствени домови помеѓу 88 и 92.000 денари, ќе растат и платите на медицинските сестри“, нагласи лидерот на СДСМ и додаде дека важно е лекарите да останат во земјава и тука да работат.

Треба да знаете
Последни објави