Нова градинка во Пролет и двојно повеќе зелени површини, на прав пат сме

Локалната власт во Општина Центар предводена од Градоначалникот Саша Богдановиќ заедно со Советот на општината каде мнозинството е од редовите на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата континуирано работат на подобрување на животот во Центар.

Согласно последните измени на деталниот урбанистички план за населба Пролет предвидена е површина за изградба на нова детска градинка која им е повеќе од потребна на граѓаните од ова маало. На местото на постоечката месна заедница Корчагин, ќе може да се изгради градинка со површина на парцела 1.992 метри квадратни и површина за градба од максимум 1.334 метри кавдратни, а развиена површина од 2.668 метри квадратни.

Предвидовме двојно повеќе зелени површини од она што беше предвидено во досегашниот детален урбанистички план. Површината под јавно зеленило е тројно зголемена, односно од постоечките 4283 на 12.811 метри квадратни во однос на претходните планови. Toa зеленило го опфаќа постоечкото зеленило меѓу постоечките станбени згради, заштитното зеленило, но и неколку нови помали површини, кои не биле предвидени како јавно зеленило.

Со изградба на ново паркиралиште на две нивоа,полуподземно и полунадземно ниво го решаваме проблемот со недостатокот на паркинг места во овој дел од Општина Центар, истиот ќе се простира на површина од 1.635 метри квадратни по ниво и испланиран е на начин со кој нема да се нарушуваат видиците на станарите во неговата околина.

Ова е четврти  ДУП од вкупно 31 за кои Советот ќе треба да расправа. Преостануваат уште 15 урбанистички планови кои ќе се реевидират и преправат согласно потребите на граѓаните, а пред се обрнувајќи внимание на исполнување на основните услови за пристоен живот.

Општина Центар е на прав пат!

Продолжуваме да работиме во интерес на нашите сограѓани!

Треба да знаете
Последни објави