Скопјанец на возраст од 21 година во вечерните часови на 15. ноември бил нападнат на улица од две други лица.
Во полиција, 21-годишникот пријавил дека нападот се случил на крстосницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“.
Според пријавата, напаѓачите се Г.А. и Ф.Н. со кои натепаниот претходно имал расправија на социјалните мрежи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.