Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башле денеска ја осуди „непотребната и непропорционална употреба на сила” од страна на полицијата и војската во Боливија.
Таквата прекумерна употреба на сила е „исклучително опасна” и може да доведе до неконтролирана ситуација, се вели во соопштението.
Боливиската војска и полиција во петокот отворија оган врз приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес во градот Сакаба и убија најмалку пет луѓе додека десетици беа повредени.
Моралес на Твитер објави дека се случил „масакр” и ја оквалификува преодната влада на самопрогласената претседателка Хенин Агнес како диктатура.