Австрискиот тенисер Доминик Тим обезбеди финале на завршниот турнир во Лондон, откако славеше против Александер Зверев со 7-5 и 6-3, па сега го очекува дуел против Циципас.
Германецот имаше брејк шанси во третиот и шестиот гем од првиот сет, но не ги искористи, а потоа Тим тоа го казни за 7-5 во првиот сет.
Во вториот сет Зверев не играше најдобро, па Тим беше подобар на свој сервис и успеа да слави со 6-3.
Тим стана првиот тенисер, кој на завршниот турнир ги победи Федерер и Ѓоковиќ, па ќе се обиде да го совлада и Циципас за нов трофеј во кариерата.