За избеганиот бивш началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, како и за кобегалецот Никола Бошкоски (Неџби и Христо), Министерството за правда нема механизам како да ги врати од Грција- пишува СДК. Грујевски си нашол и работа на грчки остров, велат извори блиски до неговото семејство. Работел како пекар во кујна во ресторан на островот, чие име не го кажуваат соговорниците.
Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување, кое траело со години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Грујевски уште е обвинет и во предметот „Тврдина 2“ за незаконско палење на списи и документи на УБК, докази за масовно прислушување на граѓани, но и во предметот „Трезор“, заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.
Двајцата избегаа откако Апелациониот суд Скопје по носењето на одлука со која им одреди притвор, место веднаш како сите граѓани да бидат однесени во Шутка, судот им даде една недела рок да се жалат до Врховниот суд. Токму тие денови двајцата ги искористија за бегство од државава.