Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен лет.
Пандата ќе патува со приватен „Боинг 777F“, наречен „Панда експрес“, а сето време за летот нејзината придружба ќе ја храни со омилените грицки. Пандата е единствениот патник во авионот, заедно со 66 килограми бамбус, грицки и вода.
Зоолошката градина бара препораки од граѓаните која компилација на песни да и бидат пуштани на пандата за време на долгиот лет до Кина.
Беи Беи е родена во зоолошката градина во 2015 година, а во договорот со Кина е предвидено дека сите младенчиња родени во зоолошката градина мора да се преселат во Кина на 4-годишна возраст, соопшти зоолошката градина на својата веб-страница. Таа заминува во вторник, а за збогум од страна на Зоолошката градина ќе бидат одржани низа настани.
„Беи Беи е дел од нашето семејство“, рече Стив Монфорт, директор на Зоолошката градина. „Нашиот тим се грижеше за неа, научи многу од неа и гледаше како расте“.
Договорот меѓу Националната зоолошка градина и Кина е дел од програмата за зачувување на гигантската панда, наведена како „ранлива“ во дивината од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата. Сега има околу 1.800 од нив во дивината, соопшти Зоолошката градина.