Ѓорѓе Балашевиќ (66) доживеа инфаркт во петокот.После ова бил опериран и му вградиле два стента. Балашевиќ ќе биде во болница неколку дена бидејќи ова е стандардна процедура за вакви операции. „Добро ја поднесе операцијата, се чувствува добро, на интензивна нега е и забранети се посети“, изјавил извор за „Блиц“.
Јована Балашевиќ им се заблагодарила на сите на грижата и на пораките со поддршка и порачала дека нејзиниот татко сега се чувствува добро.
„Им благодарам на сите на пораките со поддршка и на убавите мисли. Тато е добро“, напишала Јована на Инстаграм.
„За сите што прашуваат како е мојот татко… Тој порачува дека можеби дури и ќе се бори на мегдан како што се чувствува“, напишал Алекса Балашевиќ покрај фотографијата на својот татко кој боксува.