Во изминатите две години остваривме низа мерки кои го подобруваат статусот на жените, но нема да застанеме тука туку ќе продолжиме да чекориме по патот на еднаквоста, истакна претседателот Зоран Заев на трибината на Форумот на жени на СДСМ.
Ајде сите заедно, повика претседателот Заев, да работиме на подобрување на статусот на сите жени, на нашите мајки, ќерки, сопруги. Да продолжиме со заштита и унапредување на нивните права. Нема да запреме се додека во целост не го искорениме физичкото, психичкото и сексуалното насилство врз жените. Само сигурна и заштитена жена може до крај да ги оствари своите желби, да го реализира сиот свој капацитет.
-Нема да застанеме додека не постигнеме еднаквост на пазарот на труд за да ја поттикнеме мотивираноста, охрабрувањето и определувањето на местото на жените во долгорочниот напредок и емнципација на жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените. Нема да запреме се додека не обезбедиме девојките и жените да имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Тоа не и не смее да биде одлука на поедници. Тоа е фер општество на еднакви шанси за сите. Кога жените добиваат – сите добиваме. Кога се залагаме и градиме подобар свет за жените градиме подобар свет за сите, додаде претседателот Заев.