Полициски службеници од СВР Скопје од бул.„АСНОМ“ го лишиле од слобода Ф.Д.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Л.А.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од СВР Скопје го привеле Б.М.(18) од селото Стрима, кумановско, поради сторен прекршок по чл.27 од Закон за оружје.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.