Бебето им умрело од глад зошто родителите вегани го хранеле само со овошје и зеленчук
Американската двојка Шила (35) и Рајан О’Лири се обвинети за убиство и занемарување на дете откако 18-месечниот син им почина зошто го држеле на вегански режим на исхрана.
Шила изјавила дека детето се родило дома и дека никогаш не видело лекар. Бебето на веганската двојка починало од неухранетост зошто го хранеле само во овошје и сиров зеленчук, велат полицајците.
Кога умрело, рекла дека не јадел недела дена туку само го доела.
Шила рече дека го доела синот околу 4 часот утрото кога почнал тешко да дише.
Била загрижена зошто тоа првпат се случило, но рекла дека не повикала помош зошто заспала.
Прогласен е за мртов во семјната куќа во Кејп Корал на Флорида, откако мајка се разбудила и забележала дека не дише и дека е студен.
Повикала полиција додека сопругот се обидел да го оживее детето.
Обдукцијата покажала дека детето страдало од неухранетост, вклучувајќи и дехидрација, проблеми со црниот дроб и отекување на рацете, стапалата и потколениците. Шила рекла во полциија дека стапалата на детето му отекувале и неколку недели претходно и дека не одел толку како претходно.
Детето тежело само 4,8 килограми.
Кога полицијата го посетила нивниот дом видела дека двојката има уште три ќерки.
Двете девојчиња на возраст од 3 и 5 години, биле исклучително ситни и тежеле под просекот за нивната старост, а тенот им бил со бледо-жолтеникава боја.
На едното девојче забот и поцрнел од пропаѓање, што барало оперативен зафат. Третото девојче изгледало поздраво и било ќерка на Шила од претходна врска.
Се претпоставува дека таа изгледала поздраво зошто останува со таткото по две недели на секои два месеци.