Пред да ве прашам за материјалите, ќе ни кажете дали постирате статуси од мобилните што ги изгубивте пред да ве приведат? Што имаше на тие мобилни? Иста ви е финтата како на Катица. Лош ви е советникот што ви кажува да се ослободувате од телефоните, одговара Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката Фросина Ременски, осомничена во втората истрага во рамки на аферата „Рекет“- објави Плус Инфо.
„Како професорка ќе сакате ли да ни кажете по кој закон Јовче Ременски си изнесува класифицирани материјали и си ги чува дома? Да не има некоја посебна НАТО процедура за семејство Ременски? Воопшто не е наивна работата. Меѓународни претставници и од земји членки на НАТО следат што се случува и се интересираат како ликови како Јовче Ременски може да работат во новата АНБ. Веројатно сте свесни за штетата што ја нанесувате на Македонија. Ќе си одговарате и со Русковска и без Русковска“, ѝ порача Ѓорѓиевски.
Ова следува откако Ременски реагираше на прес-конференцијата на Ѓорѓиевски. Ременски на социјалните мрежи реагираше и порача дека од документите, кои обвинителството ги заплени при претрес во нејзиниот дом, „могу бргу ќе ги боли глава“.
„Нека не се секира воопшто, дали професорката што пријави криминал на многу нивни брифери ќе одговара или не. Нека се секира како ќе објаснуваат дека, нивниот, опозициски собраниски надзор над безбедносните служби спие и слугува, додека професорката поднесува кривични пријави и поставува незгодни прашања.
Да не бидат многу изненадени за почеток нека смислуаат како ќе го (од)бранат лустрираниот што ги “спасува” и денес, а после ќе сакам да чујам како се брани шпионажа по НАТО стандарди. И на крај, не ја зборуваш вистината, туку читаш напишани брифинзи од исплашени луѓе кои се закануваат преку твојата фрустрација“, одговори осомничената пратеничка.