Амбициозниот билдер итно морал да биде опериран, докторите едвај му ги спасиле рацете
Амбициозниот билдер од Русија Кирил Терешин кој на социјалните мрежи е познат како „Попај“ заради огромните бицепси, итно е опериран и за малку ќе останел без раце.
Докторите му рекле дека ќе мораат да му ги ампутираат рацете доколку продолжи да користи и вбризгува комбинација од хемикалии која сам ја прави дома.
-Дури и сега да престане да ја користи супстанцата, неговото тело нема да може да ја исфрли о следните пет до седум години, рекол пред две години докторот Евгени Лилин, а сега ситуацијата станала сериозна.
Терешин во себе, според зборовите на пластичниот хирург Димитриј Мелников, вбризгал три литри евтини течности како вазелин, а тоа за малку скапо ќе го чинело.
-Му отстранив оштетено ткиво од едната рака. Имаше вазелин под кожата, ткивата и во самите мускули. Сето тоа го извадивме а сега мора да внимаваме на вените, нервите за се да остане во функција, рекол Мелников.
https://www.youtube.com/watch?v=sdzJqmJ9qAs&feature=emb_title