Крилото Андре Игудала, својата кошаркарска кариера ќе ја продолжи во еден од двата НБА клуба од градот Лос Анџелес.
Интерес за 35-годишниот ветеран има и кај Лејкерс и кај Клиперс. Засега „езерџиите” важат за фаворити, но и Клиперс се во игра за потписот за одличниот дефанзивец. На Лејкерс, одбраната му е послаба страна, и затоа нив им е попотребен, но Клиперс со Игудала би имал топ одбрана, која и сега е добра.
Игудала летоска си замина од Голден стејт вориорс, прејде во Мемфис гризлис, но таму само чека добра понуда, и да си оди. Без разлика дали ќе прејде во Лејкерс или Клиперс, Игудала повторно ќе игра за тим кој ќе се бори за шампионскиот прстен.