– Демонстрантите во јужниот дел на Ирак ги блокираа патиштата што водат до главното пристаниште, додека Централната банка го намали работното време поради протестите.
Демонстрантите палеа гуми, ги пресекоа патиштата до аеродромот и блокираа патишта до пристаништето Ум Каср, преку кои се врши најголем дел од увозот на земјата, соопштија локалните власти во Басра.
Ова е втор пат да се блокира пристаништето, од почетокот на протестите на 1 октомври, кога незадоволните Ирачани, претежно млади, излегоа на улиците во знак на протест против корумпираната влада, лошата државна служба и недостигот на работни места.
Во меѓувреме, работното време на вработените во Централната банка во Багдад им е скратено поради протестите.
Во вчерашните протестите двајца демонстранти беа повредени откако полицијата пукаше со солзавец кон демонстрантите недалеку од Централната банка во центарот на Багдад.