МЗТ Скопје го ангажираше центарот Радуловиќ

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром официјално објави дека потпишале договор со српскиот центар Бојан Радуловиќ.
Единствениот македонски претставник во регионалното натпреварување сезонава, ја зголемува конкуренцијата на центарските позиции, на кои беше најдефицитарен. Радуловиќ е искусен, 27-годишен центар висок 211 сантиметри.
Радуловиќ кој има и словенечки пасош, може да биде од голема помош за „штрковите” во АБА 2 лигата, бидејќи играл за Металац и Унион Олимпија во главната АБА. Со Олимпија во минатата сезона освои титула во Словенија. Сезонава беше во Шентјур, за кој последниот меч го одигра пред пет дена.

Треба да знаете
Последни објави