Москва го потврди учеството на средбата во Париз

Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 декември ќе учествува на меѓународниот самит на Нормандиската четворка во Париз за ситуацијата во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека Путин ќе присуствува на Самитот во обид да се постигне напредок во барање мирно решавање на конфликтот во источна Украина.

Песков одби да разговара за очекувањата на Москва за настанот, пренесува „Ројтерс“.

Француското претседателство објави во петокот дека во Париз ќе бидат лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина, но Кремљ дури денес јавно го потврди присуството на претседателот Путин.

Треба да знаете
Последни објави