Рома подготвена да го раскине договорот за закуп на Калиниќ

Напаѓачот Никола Калиниќ може да го напушти италјанскиот фудбалски калчолигаш Рома. Клубот од Рим е подготвен да го раскине закупот на 31-годишниот Хрват кој е играч на Атлетико, пренесува „Марка”.
Кон крајот на октомври, Калиниќ беше повреден, поради што паузираше неколку месеци. Рома сака да ги откаже услугите на играчот со цел да донесе нови засилувања во зимскиот преоден рок.
Калиниќ одигра за Рома само пет натпревари. Според најавите од Рим, оваа календарска година тој нема да се врати на теренот.

Треба да знаете
Последни објави