Шампионот во НБА лигата од пред две години, тимот на Голден стејт вориорс, ноќеска загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс и го забележа седмиот пораз во низа. За „воините” ова беше вкупно 12 пораз оваа сезона на 14 одиграни натпревари по што се екипа со убедливо најслаб биланс во лигата.
Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 11 победа сезонава, се зацврстија на лидерската позиција на табелата во Западната конференција, врзаа серија од четри последовни успеси по поразот од шампионот Торнто и во моментов се тимот со најмногу триумфи во Лигата. Сето ова по убедливата победа од 122-101 на домашен терен над Атланта, а пред легендата на клубот, Коби Брајант кој прсуствуваше на натпреварот.
„Лејкерс“ го имаа под контрола натпреварот во речиси целито негов тек, Атланта единствено беше подобра во третиот сегмент кој и припадна со 27-36, сите останати периоди го доби домашниот состав. Леброн Џејмс со 33 поен ии 12 асистенции беше лидер во триумфот, кај Атланта, очекувано, Тре Јанг беше прв стрелец со 31 поен.
Сакраменто го победи најдобриот тим на Истокот, Бостон со 100-99. Со кош на 13,3 секунди пред крајот, Сакраменто дојде до триумфот, четврти на последните пет натпревари. Бостон ја прокцка шансата во последниот напад и мораше да се соочи со вториот сеознски неуспех. Со биланс 10-2, Бостон и натаму е лидер во Конференцијата.
Резултати на натпреварите одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:
Мемфис – Денвер 114:131
Орландо – Вашингтон 125:121
Њу Орлеанс – Голден стејт 108:100
Лос Анџелес лејкерс – Атланта 122:101.
Во поредокот на Западната конференција води ЛА лејкерс со биланс 11-2 победи-порази, пред Хјусто со 10-3 и Денвер со 9-3.
На Исток лидер е Бостон со 10-2, пред Милвоки и Мајами со ефект 9-3.