Грчката крајбрежна стража спасила околу 650 мигранти

Грчката крајбрежна стража во текот на викендот во 20 различни акции спасила 658 бегалци и мигранти во источниот дел на Егејско море.
АНА-МПА пренесува дека во истиот период на неколку грчки острови во гумени чамци пристигнале нови 730 мигранти.
Агенциите наведуваат дека меѓу островите Стогили и Кос Крајбрежната стража организирала две потери во кои имало и размена на оган.

Треба да знаете
Последни објави