Албанскиот државјанин И.Д. (64), кој на Краинската Костенијада во местото Острос кај Бар го нарушил јавниот ред истакнувајќи знаме на својата земја заработи парична казна од 300 евра и е протеран од Црна Гора.
Поднесено е барање за покренување на постапка против И.Д.
-Нему му е изречена парична казна во износ од 300 евра, а врз основа на Законот за прекршоци за него е изречена и заштитна мерка протерување на странец од територијата на Црна Гора во траење од месец дена, наведуваат од полиција.