За 2 години намален е процентот на починати предвремено родени бебиња за нешто повеќе од 50%, системските мерки во здравството даваат резултат 

Системските мерки во здравството и спроведените политики даваат резултат. Во таа насока е и намалувањето на смртноста на предвремено родените бебиња, која според статистичките податоци бележи пад во последните 2 години за над 50%. Овие трендови се резултат на вложувањата од страна на Владата предводена од СДСМ во опрема и проширување на стручните тимови на одделението за интензивна нега на Гинеколошки-акушерската клиника.

За таа цел беа набавени  нови  15 инкубатори за бебињата, монитори со аспиратори за одделението на интензивна нега, а  во рок од една година за Клиниката за гинекологија и акушерство беа одобрени вработувања на 30 медицински сестри и акушерки, педијатри, анестезиолози и патолог.

Покрај инвестицијата од страна на Владата во опрема, во соработка со експертите од Клиниката за гинекологија и акушерство, и странски експерти од Светската здравствена организација, но и од УНФПА се спроведоа обуки на медицинскиот персонал. Се потврдува заложбата кој ја прави СДСМ  и Владата која ја предводи, дека здравјето на нашите граѓани и на нашите деца е врвен приоритет и дека за да се  постигне тоа мора да се создадат најдобри услови за подобрување на работната средина и за лекарите и медицинскиот персонал.

Треба да знаете
Последни објави