Кина денеска ја повика американската војска да престане да демонстрира сила во Јужното Кинеско Море со цел да се избегнат „нови несигурности” во врска со Тајван.
Барањето од официјален пекинг му го пренесе кинескиот министер за одбрана Веј Фенгхе на американскиот колега Марк Еспер на маргините на Самитот на министрите за одбрана во Бангкок.
– За време на разговорите зад затворени врати, Веј го повика Еспер да престане да демонстрира сила во Јужното Кинексо Море, да не провоцира и да не доведе до ескалација на тензиите во тој регион, соопшти портпаролот на кинескиот министер, Ву Кијан.
Претходно, Еспер ја обвини Кина дека „сè повеќе користи сила и застрашување заради остварување на своите стратешки цели” во регионот.