Бразилскиот фудбалски стручњак Луис Фелипе Сколари може да седне на селекторското место во кинеската фудбалска репрезентација, пренесува „Ксинхуа спортс”. Минатата недела, Марчело Липи го напушти местото селектор на Кина. Италијанецот поднесе оставка откако загуби од Сирија (1:2) во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.
Седумдесет и едногодишниот Сколари веќе работел во Кина. Тој го тренираше „Гангжу Евергранд” од 2015 до 2017 година.
Покрај тоа, во Кина има неколку бразилски играчи кои можат да бидат натурализирани.
За потсетување, во септември 2019 година, Сколари беше отпуштен од бразилскиот клуб Палмеирас.