Ѕвездите од Strictly Come Dancing, Star Wars, и EastEnders помогнаа да се соберат 47.9 милиони фунти на овогодинешниот ТВ-апел за деца со потреба, добротворна иницијатива на британскиот јавен сервис БиБиСи.
На петчасовниот телетон, маратонска телевизиска програма, се најдоа и фудбалерите на Англија, славеничко издание на музика и песни од хит-листата на Луис Томлинсон и Вестлајф.
Гледачите исто така видоа кратки филмови за некои од 3.000 локални проекти поддржани од добротворната организација Сhildren in Need.
Минатата година беа собрани 50,6 милиони фунти на иста таква вечер.
BBC Сhildren in Need или Деца со потреба е официјална британска добротворна организација и собира пари за загрозени млади луѓе или млади луѓе во неповолна положба, како на пример оние кои живеат во сиромаштија, со хендикеп, или се жртви на злоупотреба или запоставување.
Оваа година, комичарот Том Ален им се приклучи на тимот презентери во кој беа и Греам Нортон, Тес Дели, Мел Гидроис, Аде Адепитан и Марвин и Рошел Хумс.
Актерите на EastEnders Рики Шам, Луиза Литон, Мејзи Смит и Рудолф Вокер ноќта го заменија лондонскиот сквер Алберт со сала за бал.