Високиот суд во Хонг Конг денеска пресуди дека е неуставен законот за забрана на носење маски за лице, кое потекнува од времето кога тој град под кинеска контрола бил британска колонија.
Судот пресуди дека законот е во спротивност на „основниот закон”, мини-уставот на Хонг Конг, според кој градот беше вратен под кинеска власт во 1997 година.
Во пресудата на судот се наведува дека забраната за носење маски за лице ги крши основните права во поголема мерка отколку што е разумно неопходно за постигнување на својата цел.
Владата на Хонг Конг, која се соочува со неколкумесечни, понекогаш, насилни протести, минатиот месец ги искористи овластувањата на законот за вонредни состојби за да воведе забрана за носење маски за лице.
Забраната за воведување маски уследи по големите немири и насилството во протестите на почетокот на октомври.