Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми.
Од локалната полиција наведоа дека се испратени екипи на местото на инцидентот.
Полициски извори наведуваат дека убиени се три лица, меѓу кои и напаѓачот.
Училиштата во градот се затворени.
Други детаљи засега не се познати.