Франција и го честиташе на Албанија отварањето на стадионот во Тирана со два гола

Актуелниот светски фудбалски шампион Франција и го честиташе на Албанија отворањето на новиот стадион во Тирана со два гола, во квалификацискиот натпревар од групата за ЕП-2020. Новиот стадон кој се вика „Ер Албанија“ е изграден на местото од поренашната Арена која беше срушена во 2016 година.
Дуелот со Франција е прв натпревар на новиот стадион на Албанија. Истиот има капацитет од 22.500 гледачи. Проект за изградба на „Ер Албанија“ чинеше 85 милиони долари.
На овој стадион ќе се организираат и концерти и останати настани, а капацитетот за истите ќе биде 30.000.


Франција беше противник по мерка за ваква свеченост, но Албанија неможеше да се избори за поволен резултат за прославата да биде комплетна. Французите победија со 2:0,  а мрежата на домаќинот се тресеше двапати во првото полувреме по ударите на Толисо и Гризман.

На другите синиќешни квалифиакциски натпреаври убедлива победа забележа Англија која со 4-0 го победи Косово во Приштина. Винкс, Кејн, Рашфорд и Маунт беа стрелци на головите.
Турција со 2-0 славеше во Андора, Исланд со 2-1 победи на гостувањето кај Молдавија, Бугарија со 1-0 ја совлада Чешка, Србија и Украина одиграа 2-2, а Португалија со 2-0 триумфираше во Лихтенштајн.

Треба да знаете
Последни објави